(Фото) Борко си оди од Барселона, синот Душан на последниот натпревар

Голманот на мекедонската репрезентација, Борко Ристовски , го одигра последниот натпревар за клубот „Барселона“. На теренот, неговите соиграчи емотивно го испартија. Тука, на трибините беше и неговиот син Душан.

„Ниту едно опростување не може да биде лесно и позитивно. Меѓутоа јас си заминувам побогат  со едно огромно искуство и со многу пријатели кои ќе останат до крајот на мојот живот. Сите ние во животот сме во потрага за најдоброто за нас и нашите семејства. Така да кога се ќе се собере и одземе, можам да заклучам дека сум горд што бев во клуб како ‘Барселона’ и тоа секогаш ќе остане во моето срце“, изјави Борко за “Репортер“.  (А.Г.)

Scroll to Top