(Фото) Чаша вино за 21 година брак – Пендаровски и сопругата прославија во Охрид

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопругата Елизабета Ѓорѓиевска вчера во Охрид прославија 21 година брак. Докторка Бети, како што ја нарекуваат сите, и претседателот, кој вчера го отвори Охридско лето, пред да пристигнат во Античкиот театар заедно со синот ја прославија годишнината .

„Вчера прославивме 21 година брак. Јас, Стево и синот Оги наздравивме со чаша вино, а потоа отидовме на отворањето на Охридско лето, ни изјави сопругата на претседателот Елизабета Ѓорѓиевска за „Репортер“. 

За годишнината од бракот, што се совпадна во ист ден кога и беше отворањето на Охридско лето, Бети во Антички дојде во дизајниран фустан и иста таква маска од дизајнерката Лидија Георгиева. Таа и во разговор во нашето студио ни откри дека сака секогаш да ја промовира македонската мода.

Во интревјуа за „Репортер“ и претседателот Пендаровски и неговата сопруга ни ја раскажале нивната љубовна приказна. Се запознале во едно скопско кафуле преку заедничи пријатели. Во тоа време таа ја загубила својата помала сестра во сообраќајна несреќа, па долгите разговори со Пендаровски, кој тогаш ѝ бил момче, ѝ биле вистинска поддршка. Интересно е што таа си го задржа своето презиме.

„Тогаш имав многу причини за тоа. Стево немаше никаков проблем со тоа, ама драмата се направи кога требаше да се роди синот Оги. Сакајќи да ги скратам формалностите, испадна проблем, па мислеа дека не сме во брак“, ни раскажа тогаш сопругата на преседателот Пендаровски.

Александра Георгиев 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top