(Фото) Чолиќ и Аки на вино кај Љубе во Хрватска

Познатите балкански музичари Здраво Чолиќ и Аки Ракимовски му дојдоа на гости на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски во вилата во Хрватска. Тој ги пречека познатите пејачи со црвено вино во својата вила „Лав“, во местото Бале, кое се наоѓа во близина на Фажана, од каде се оди до националниот парк „Бриони“.

Освен со црвено вино, дружбата ја зачиниле со грозје и смокви од  плантажата на Бошковски, која се наоѓа веднаш зад неговата вила.

 

 

Scroll to Top