Познатиот шминкер Александар Дадар е во Атина. И тој решил за празникот да избега малку од Скопје и да се одомори. Дека ужива таму, се пофали на социјалните мрежи. И Дадар е уште еден од познатите јавни фаци кои за Велигден решиле да заминат од земјава. Вели дека споените празнични денови убаво ќе му дојдат малку да одмори од постојаните работни обврски.