(Фото) Дунавка и Ване повторно заедно откако се разделија пред еден месец

Откако во јуни се разведоа по само пет месеци брак, поранешната манекенка Дунавка Трифуновска и ексдиректорот на финансова полиција, Ване Цветанов, сега повторно се заедно во Охрид.  Дунавка објави фотографија од таму и напиша дека се во спа- хотелот „Инекс Олгица“.

Редакцијата на „Репортер“ се обиде да дознае дали се смирени и решиле да си дадат уште една шанса, но засега не добивме одговор. За потсетување,  љубовта на Ване и Дунавка почна лани летото. Тие беа многу транспарентни дека се среќни и дека се создадени еден за друг.

Дури Ване во ексклузивно интервју за „Репортер“ ни кажа колку ја сакал „фаталната Дунавка која го спасила од бившата жена“’.

Кратко потоа двојката објави дека се разведува. Ване рече дека причина за разделбата се  работните обврски, додека Дунавка како проблем за разделбата кажа дека Ване бил  „како мама каже“.

(Галерија) Дунавка ме спаси од бившата која сè уште ме прогонува, Ване Цветанов првпат прозборе за љубовта со манекенката

Scroll to Top