(Фото) Емилија Розман прослави роденден во изолација

Во фустан со длабоко деколте, розови балони и торта со ликот на Хари Потер, поранешната мис на Македонија Емилија Розман славеше роденден. Таа овој пат роденденот го прослави во изолација. На социјалните мрежи објави неколку фотографии и откри дека наполнила 28 години. Пријателите ѝ честитаа и ѝ посакаа догодина да направи голема журка за да надомести што овој пат слави сама.

Инаку, Емилија е последната мис на Македонија, а титулата ја освои во 2014 година. Таа потоа се натпреваруваше на изборот Мис на светот, но и на уште неколку големи избори на убавина.

 

Scroll to Top