Кралицата на ромската музика, Есма Реџепова, по две години, конечно доби пристоен споменик на градските гробишта во Бутел. Спомникот го подигна Владта на РМ, откако нејзините наследници и внуци јавно се караа за гробното место.
Нејзиното гробно место до скоро беше само со земја, и по некое исушено цвеќе. Наследниците и внуците, постојано си ја префрлаа топката, околу тестаментот, музичките права и делбата. Првата година се правдаа дека гробното место е со земја, заради муслиманските обичаи, но и по годината, остана само земја, без споменик на гробот на Есма.