(Фото) Франц од „Нокаут“ стана татко

Поранешниот член на групата Нокаут, Владимир Крстевски – Франц, втор пат стана татко. Тој и неговата сопруга Ема пред два дена добија уште една ќерка, Мона.

„На 31 Јули 2020 се роди нашата втора ќерка Мона Франц Крстевски. Ти посакуваме добредојде на овој свет и ти посакуваме да те сака животот колку што те сакаме ние“ напиша Франц на својот фејсбук-профил.

Инаку, Франц и Ема кои со години живеат и работат во Лос Анџелес. Се венчаа во октомври 2014 година. Тие ја имаат и едногодишната ќерка Мелоди.

Scroll to Top