Фолк-пејачките Елена Велевска и Сузана Гавазова настапија на фолк-фестивалот „Роса“. И двете во сличен и секси изглед го привлекоа вниманието на јавноста, а дека се поддржуваат, докажаа и со фотографија на социјалните мрежи.
И двете пејачки се решиле на мрежеста варијанта, па и едната и другата во комбинацијата ги вметнале хулахопките со крупна мрежа.
Деколтето ја прави приказната повпечатлива, а гардеробата личи на костим, и затоа во овој стил многумина коментираат дека фолк-пејачките потсетуваат на поп-иконата Мадона.
„Време е естрадата да добие поинаква димензија и вистински квалитети“, напишала Елена Велевска под фотографијата што ја сподели.
Велевска и Гавазова одамна важат за фолк-пејачки што привлекуваат внимание и со стилот на облекување и со фолк-хитовите.