(Фото) Игор и Илина прославија шест месеци љубовна врска

Откога објавија дека се во љубов, Игор Џамбазов и Илина Арсова постојано се тема во медиумите, но и на „Инстаграм“, каде што постојано споделуваат фотографии. Двојката половина година живее заедно и е во љубовна врска.

Дека се шест месеци заедно, објави Игор, кој напиша на „Инстаграм“: „Пред 6 месеци се спои неспојливото, се вљуби невљубливото“. Љубовта почна во Дојран, каде што Игор замина по Нова година, летово беа во селото Јанче, каде што Џамбазов ги запозна родителите на Илина. Таа пред еден месец ја имаше и својата самостојна изложба, а Игор, пак, е на снимањето на петтата сезона на „Преспав“.

 

View this post on Instagram

 

Пред 6 месеци, се спои неспоивото, се вљуби невљубивото…

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Scroll to Top