Со црвен корсет фолк-пејачката повторно го привлече вниманието на јавноста. „Додека полошите се бават со подобрите, подобрите се бават со себе, затоа се и подобри“, напиша таа на „Инстаграм“. Иако некои ѝ одговорија дека е во право, повеќето следбеници го коментираа нејзиното деколте. „Убави гради“, „Топ си“, „Како танчерка во кабаре“, стои во коментарите.
Не е првпат фолк-пејачката да објавува разголени слики на „Инстаграм“. На овие слики таа најчесто пишува дека се чувствува одлично и дека не ја допираат злобните коментари на нејзина сметка.