Новинарката Ивона Талевска веројатно ќе остане без црвениот фустан што го капарисала во „Сити мол“ оти извесна Нерџи била побрза во шопингот од неа. Па така на социјалните мрежи осамна фотографија од парагон на којшто едната продавачка ѝ оставила порака на својата колешка на која пишува „Ако се откаже Нерџи, да го резервираме за Ивона Талевска и да ѝ се јавиме“. Фустанот чини 8 000 денари и е конфекциски број 36, што одговара на големина „смол“.