(Фото) Калиопи со родителите во Истанбул

Поп-ѕвездата Калиопи постојано споделува свои фотографии и видеа на социјалните мрежи, но скоро никогаш не објавува приватни семејни фотографии. Таа неодамна на својот инстаграм-профил објави стара фотографија на која е сликана со родителите во Истанбул.

Црно-белата фотка е стара околу 40 години, а Калиопи е мало девојче. Таа и нејзините родители се фотографирани пред џамијата Аја Софија, една од најпознатите џамии во Истанбул. Пејачката на сликата напиша „Моите родители и јас во Истанбул“ и се присети на детството.

Scroll to Top