Поп-ѕвездата Каролина Гочева, заедно со мајка ѝ внуките се на одмор во Сплит. Пејачката објави заедничка фотографија и напиша дека случајно се нашле со Дуке Бојаџиев.
Поп-ѕвездата изминатиов период ретко кога споделуваше нови фотографиии. Исто така, ретко имаше и настапи, па вистинско освежување беше песната „Идила“ и најавата за новиот албум на кој работи со Дуке Бојаџиев. Станува збр за преработки на најубавите македонски евргрини, а промоцијата ќе биде во септември.