(Фото) Катарина елегантна во парк: Светкав фустан на фестивалот на светлата 

Топ-моделот Катарина Ивановска со синот Вања беше на „Скопје лајт арт дистрикт“, фестивалот на светлата што деновиве се одржуваше во Скопје. Манекенката и овојпат го привлече вниманието со својот изглед, носеше светкав фустан што го дополни со црно ланче. На сликата што ја објави на „Инстаграм“, Катарина доби комплименти за изгледот, ама и за тоа што Вања уште од дете го води на културни настани.

Катарина и Вања беа на фонтана во парк каде заедно со голем број посетители ја гледаа играта на светла во различни бои и форми што се прикажуваше на една од старите куќи во Дебар маало.

Фестивалот на светлата „Скопје лајт арт дистрикт“ заврши вчера, а на него беа претставени бројни визуелни уметнички дела, кои беа претопени на локалните згради, паркови, мостови и други објекти низ градот.

Scroll to Top