(ФОТО) Катарина се опушта во Барселона со вино и пршута

Катарина Ивановска замина за Барселона. Таа веќе неколку дена таму ужива со сопругот Цобе и синот Вања. Дека убаво поминуваат, познатиот модел потврди со објавување неколку фотографии на својот инстаграм-профил.

Синот Вања шета низ Барселона

Од тоа како се шета со синот до храната во еден ресторан. Моделот реши на ова патување да го прекрши режимот на исхрана, па со пршута, кулен, сирење и вино ужива во Шпанија.

Неодамна таа се врати повторно на работа, кога снимаше фотосесија во Грција, а во интервју за „Репортер“ изјави дека нема да ѝ биде проблем кога ќе оди на снимање надвор од Скопје да отпатува заедно со синот Вања и сопругот Цобе.

Scroll to Top