Македонскиот топ-модел Катарина Ивановска ја одржува линијата со вежби и секојдневно ролање на кејот на Вардар. Таа сподели фотографија за која фановите велат дека е секси додека рола, а следбениците на „Инстаграм“ ѝ ја бендисаа и тетоважата позади на вратот.
Ивановска годинава го прослави првиот роденден на синот Вања. Откако се породи, многу брзо се врати на старата линија и почна да вежба во вежбалница. Топ-моделот и по породувањето постојано е ангажирана со снимање фотосесии надвор од земјава.