(Фото) Ќе се мажи Јована од „Фчерашни“: Среќни сме со Предраг

Јована Аврамовска, која е дел од тимот на популарната „Фчерашни“, ќе се мажи со нејзиниот дечко Предраг Николовски. Пред да се решат за брак, тие беа подолго време во љубовна врска. Јована иако многу не зборува за љубовниот живот, сепак за „Репортер“ ја потврди веста.

„Да, вистина е. Среќни сме и заљубени и тоа е најважно. Можам само да кажам дека сè беше супер. А, за свадбата допрва ќе видиме кога и како, сè уште немаме конкретни планови“, ни изјави Јована.

Оние кои ги познаваат велат дека тие се долго време заедно и дека одамна се познаваат, па и пред да ја почнат љубовта. Предраг ѝ е најголема поддршка на Јована во сè што работи, велат нивните блиски.

Во време на пандемијата двојката често можеше да се види како пешачи на Водно, а неретко и на кеј на Вардар.

Јована еден период работеше во Министерството за финансии, додека министер беше Драган Тевдовски.

А.Георгиев

 

Scroll to Top