(Фото) Ќерката на Хелена Роза рекламира долна облека

Кјара Гоља, ќерката на поранешната водителка Хелена Роза, рекламира долна облека за познат моден бренд од Нов Зеланд. Кјара позира со уште една девојка, а сликите од фотосесијата ги објави Хелена, која не крие дека е горда на својата ќерка.

„Мојата убавица“, напиша Хелена, за ќерката која ја има од првиот брак со адвокатот Арбен Гоља.

Не е прв пат Кјара да слика модни фотографии. Таа и претходно работела како модел, исто како и нејзината мајка. Додека беше водителка во Македонија, Хелена често имаше фотосесии, а дел од нив беа и по долна облека.

 

За потсетување, Хелена пред шест години се пресели на Нов Зеланд со сопругот Игор, синот Тиан и ќерката Кјара. Оттогаш ретко доаѓа во Македонија, но вели дека ѝ недостига семејството, мајка ѝ Роза и сестра ѝ Ребека.

Scroll to Top