(Фото) Кристина Димитријевска сама со синот на одмор

Манекенката Кристина Димитријевска е на одмор во Охрид со синот Давид. Таа објави фотографија со него како го учи да плива. Ова е прва фотографија со тригодишното дете што Кристина ја сподели по долго време. Откако се разведе од пејачот Даниел Кајмакоски, таа приватноста ја чува за себе. Но, неодамна во интервју за „Репортер“ ни раскажа дека по разводот, таа му е и мајка и татко на Давид.

Манекенката иако ретко споделува слики од приватниот живот, постојано е активна на социјалните мрежи и на фановите им открива сè што е поврзано со нејзината кариера како модел и фитнес-инструктор. Таа неодамна стана заштитно лице на светски бренд за суплементи за бодибилдинг.

Scroll to Top