(Фото) Ламбе Алабаковски ужива со синот на Флорида

Некогашниот пејач Ламбе Алабаковски на Инстаграм сподели фотографија од неговиот двегодишен син Михаил како си игра покрај базенот и се разладува од топлото време.

Ламбе со неговата сопруга Магдалена веќе подолг период живеат во Америка. Ламбе често објавува фотографии од неговото семејство, посебно од роденденските забави на Михаил.

Ламбе во САД работи како обзбедување на Аеродром, а неодамна изјави дека се придружи на акцијата за собирање средства за женскиот манастир Рајчица во Дебар.

Тој отвори сметка за донации на интернет-страницата GoFundMe, преку која сите што сакаат да помогнат, можат да дадат пари за манастирот.

Целта е да се соберат 100 000 долари, а засега се донирани 870 долари. За „Репортер“ Ламбе раскажа дека тој не ја почнал иницијативата, но дека со задоволство прифатил да помогне.

 

Scroll to Top