Пет мажи ја чуваат познатата водителка Лила Филиповска на свадба во хотелот „Александар палас“, се пофали таа. Водителката на својот инстаграм-профил објави заедничката фотографија со неколку свои пријатели, гости на свадбата, па се пошегува дека има згодни телохранители.
Лила, облечена во кус црн фустан и светкави сандали, објави и неколку видеа додека пее и игра на забавата, а обожавателите ја пофалија дека како и секогаш, изгледа одлично и знае да се дотера.
Водителката, која е една од најпопуларните инстаграм-инфлуенсерки кај нас, со своите обожаватели споделува се што прави во текот на денот. Таа рекламира храна, патувања, накит, облека. Откако неодамна се сликаше како пробува бурми, некои од фановите ѝ искоментираа дека треба да престане да фолира за пари.