Лила го смени имиџот и стана русокоса. Водителката со новата промена на косата се пофали на својот инстаграм-профил.
„Новата јас“, напиша Лила покрај фотографијата.
Освен што е самата задоволна од новата промена, таа им се допадна и на нејзините фанови на „Инстаграм“ кои ѝ оставија коментари дека изгледа прекрасно, како и секогаш, ама и дека оваа боја на косата ја подмладува.