Модната блогерка Љупка Митрова пак ги возбуди своите следбеници на „Инстаграм“. Таа сподели две нови фотографии од Грција, каде веќе неколку дена е на летување. На едната позира седната на камен, а на другата фотографија блогерката е во вода. Нејзините фанови секогаш имаат комплименти за неа, па на социјалните мрежи коментираат дека овој пат и за двете слики „избрала да биде заводлива и дека позите ѝ биле еротски“. Љупка подолго време е во врска со Дарко Спејко и важат за транспарентна двојка, па често на социјалните мрежи споделуваат заеднички провокативни фотографии.