(ФОТО) Македонската водителка знае како со јазикот – Во ваква поза не сте ја виделе

Летото е годишно време кога сите се опуштени, раположени, раскомотени, послободни во однесувањето… Особено кога се на годишен одмор. Многу повеќе или помалку познати ТВ лица и јавни фаци кои преку годината ги гледате на екраните каде во извршувањето на своите професионални задачи ви изгледаат прилично сериозно, строго и прибрано, на лето можете да ги видите во сосема поинакво, многу поопуштено издание!

 

Новинарката и репортер на ТВ Нова, згодната и шармантна Јована Николова летово одмара на море… во Грција! Сексапилната ТВ репортерка по напорната работа,  секој ден од одморот го впива „со полни гради“! Таа не пропушта ниту миг да не биде покрај вода, убаво да се исонча, да се олади или освежи со коктел на жештината… Ама и да си го подигне адреналинот, искушувајќи се себе си во некои од летните лудории или поточно екстремните спортски уживања.

Како вистински трагач по возбуди, сакајќа да доживее ново искуство и возбуда каква што дотогаш не почувствувала, Јована реши да се качи… на падобран! И тоа на еден од оние, кои по морето со голема брзина ги влече глисер!

Така (за)качена на падобранот, репортерката покажа дека и летово е на висина… на задачата, па храбро се соочи со ситуацијата, како што цела година се соочуваше предизвиците кои и ги носеше новинарската професија.

 

 

Scroll to Top