Фолк-пејачот Марјан Коцев ја прослави осумгодишнината во брак со сопругата Билјана. Тој на својот фејсбук-профил објави фотографија од нивната свадба. „17.07.2010. Среќна годишнина невесто моја“, напиша Марјан покрај сликата, па доби бројни честитки од пријателите и желби да си дочекаат и дијамантска годишнина.
Пејачот ја запознал својата сопруга пред девет години на свадба каде што тој пеел, а таа била гостинка. Ѝ го побарал бројот и оттогаш се заедно. Биле во врска една година пред да се венчаат. Двојката ја има ќерката Дуња, а во октомври ќе станат родители вторпат, кога ќе им се роди син.