(Фото) Мартија се маскираше за Ноќта на вештерките

Пејачката Мартија Станојковиќ, која беше македонски претставник на минатогодишната Јуниор евровизија, со своите пријатели ја прослави Ноќта на вештерките. Таа вчера се маскираше во зомби, а потоа фотографиите ги постави на својот инстаграм-профил.

Празникот Халуин сè повеќе се одбележува и кај нас, и иако многумина го сметаат за богохулење, голем број млади на Ноќта на вештерките гледаат како на уште еден добар начин за забава, па се маскираат.

Scroll to Top