(Фото) Министри на концертот на Брајан Адамс

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска е на концертот на Брајан Адамс, вечерва во А1 Арената. И овој пат расположена за музика и хитовите на канадскиот пејач.

Во публиката е и заменик минстерот за економија Кирил Колемишевски, кој порано се занимаваше со музика и беше член на групата  „Нокаут“. Тој и не престана да игра цела вечер.

На концертот беа и премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица.

Канадскиот рокер Брајан Адамс вчера ја крена на нозе публиката во А1 Aрената. Тој и уште само четири музичари на сцената, има концерт за кој ќе се зборува уште долго. Во неколкуилјадната публика имаше фанови од сите генерaции, но најмногу возрасни луѓе, кои велат дека отсекогаш ги слушале хитовите на 60-годишниот музичар.

Фото: Д.Перковски  

(Галерија) Скопје празнува со стил: Брајан Адамс има топ концерт, канадскиот рокер и по бисот не сакаше да замине од сцената

Scroll to Top