Рок-пејачката Дани Димитровска се пофали на социјалните мрежи со заедничка фотограифја со нејзиниот син Лазар. Двајцата се заедно во кола додека Лазар вози.
Пејачката не криеше дека иако имале лабавен муабет, цело време додека седела на совозачкото место била исплашена и срцето и било во пети.
На крајот Лазар се покажал како искусен возач. Синот на Дани испочитувал сите возачки и сообраќајни прописи.
„Од вчера, при дожд, во кола, он вози. Мене срцето у петици дека вози. А он воспитан позади волан. Културен у ретровизор. А мој. Муабетите лабави. Еден е. Ѕвезден е“, напиша Дани за нејзинит син Лазар на „Инстаграм.
Пејачката во интервју за „Репортер“, кажа дека Лазар и е огромна поддршка во работата со која таа се занимава. Таа е горда на него. Дани вели дека Лазар сега е возрасен, паметен, стабилен, дека стои на свои нозе и дека тоа и е најважно во животот.
Дани: Иако родителите ми се глувонеми, мојата музика ја слушаат со срцето