(Фото) Наум со децата одмора во Струга

Фолк-пејачот Наум Петрески деновиве со семејството одмора во Струга. По годишниот одмор, тој секогаш се опушта во Струга, во Радожда и во Охрид, отркрива пејачот за порталот „7 дена“.

„Ова е одмор за мојата душа. Да се видам со пријатели, роднини. Да ловам риба на Дрим. Струга е мој прв дом и најубаво ми е кога сум тука. Тука ќе бидам додека децата не тргнат на училиште“, рекол Наум.

Во Струга тој е со ќерката Македонка и синот Стефан, кои ги има од бракот со пејачката Зуица Лазова. Од првиот брак, Наум ја има ќерката Анастасија, која е исто така пејачка.

52-годишниот Наум неодамна се врати од Австралија, каде што заедно со Зуица беше на турнеја во неколку градови низ земјата. Пред еден од настапите заедно со пријатели тргнал по риба, па откако ги зафатило невреме близу Сиднеј, медиумите пишуваа дека пејачот е загубеб и дека по него трага австралиската крајбрежна стража. Тој се огласи во јавноста неколку часа подоцна, велејќи дека е добар, ама дека жали што заради невремето, немале добар улов.

Наум раскажа за драмата на бродот во невремето кај Сиднеј

Scroll to Top