(Фото) „Не е секој газ за танга“ – Панчо ги искритикува Македонките

Панчо од дуото „ДНК“ викендов имаше диџеј-сет на една од популарните плажи во Охрид. Освен што сподели неколку видеа од атмосферата, тој во негов стил им порача на македонските девојки да намалат со тортата „оти не е секој газ за танга“.

„Еве ме мене пак од Охрид, па чисто да ги потсетам ‘лепотициве’ дека не секој газ е наменет за танга по плажа. Мислам, имате огледало, многу е едноставно се гледа. Дај имајте малце милост, стварно сакаме да спиеме навечер без кошмари“, напиша тој.

Панчо во јавноста е познат по тоа што го зборува на глас она што го мисли, па често знае да искритикува или пофали. Тој неодамна им се врати на настапите, откако паузираше скоро 5 месеци заради пандемијата. Иако немаше приходи во тој период, хонорарот од првиот настап го подели со семејства од ранливи категории.

Scroll to Top