Водителот Ненад Ѓорѓиевски, кој 8 години е во брак со Горана, со близнаците Иво и Љупка беа на шишање кај Дадар. Водителот се пофали дека фамилијарно дошле да се дотераат пред роденденот на близнаците, кои денес полнат три години. Освен што сите се потстрижаа, вработените кај Дадар на Љупка ѝ ги налакираа и ноктите, а Ненад објави неколку фотографии од семејното разубавување.