(Фото) Нино Величковски со внуците го прослави 66. роденден

Пејачот Нино Величковски наполни 66 години. На роденденот, што го славеше дома со сопругата Лидија, дојде и постарата ќерка Анита со зетот и четирите внуци. Помалата ќерка, Магде, која живее на Малта, не можеше да дојде на прославата. Пејачот на социјалните мрежи објави слики од семејната забава.

Величковски долги години беше член на октетот „Куманово“, а потоа продолжи соло кариера. Тој ги испеа „Свирете ми тамбури“, „Бабино девојче“, „Кажи ми, Лено душо“ и други. Пред една година Нино одбележа 35 години музичка кариера и тогаш одржа концерт во Куманово. Во моментов тој е директор на Фондацијата за култура и спорт во Куманово.

Scroll to Top