(Фото) Охридска шема и за Каролина, поп-ѕвездата како во старите времиња

Поп-ѕвездата Каролина Гочева е во Охрид. И ако лани и претходните години Каролина споделуваше фотки од Миконос, Италија, САД… годинава убавината е покрај Охридското Езеро.

Каролина на социјалните мрежи сподели фотографија од манастирот “Св. Наум“, каде е веќе неколку дена. На времето, кога ја почнуваше својата кариера и кога се уште живееше во Битола, Каролина често можеше да се види на летување со друштво во Охрид.

Заради короната, речиси сите, наместо на море во Грција, Хрватска и другите дестинации, за сега одат во Охрид. Ова потсетува како на почетокот на деведесеттите, кога заради распадот на Југославија, Охридско Езеро беше главно свртилиште за одмор, па немаше некој, а да не е тука. „Охридска шема како во старите времиња“, е муабет кој често може да се слушне од оние генерации кои се сеќаваат на тоа време.

Scroll to Top