(Фото) Пандев „леташе“ во воздух за својот 36. роденден

By

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев денеска го прослави својот 36. роденден. По тој повод неговите соиграчи во Џенова го фрлаа на раце на теренот, a фотографиите клубот ги објави на официјалната фејсбук страна.

Пандев неодамна откри дека повеќе нема да игра на местото напаѓач во тимот на Џенова и дека сега ќе го гледаме во новата улога во среден ред како плејмекер.

Струмичанецот вели дека за промената на позицијата на теренот бил известен од новиот тренер на клубот Андреацоли, кој отворено му кажал дека во новата сезона, го гледал како идеален плејмекер во тимот на Џенова.

 

 

Пандев повеќе нема да игра како напаѓач во Џенова

Ќе ви се допадне