(Фото) Пендаровски со букет цвеќе за првата учителка-емотивна средба за првиот школски ден

Претседателот Стево Пендаровски денес се сретна со неговата прва учителка Борка Палифровска. За оваа емотивна средба тој објави и на социјалните мрежи, велејќи дека неговата прва учителка секогаш ќе го посетува на првите лекции, но тука се и спомените зачувани во првите фотографиите кои ги чува повеќе од 40 години.

Пендаровски на на својата прва наставничка, која денес ја посети по повод првиот школски ден, ѝ посака уште многу години живот, велејќи дека ќе биде среќен ако повторно се видат и поразговараат.

„Емотивна средба со мојата прва учителка Борка Палифровска. Се потсетивме на првите лекции и ученици, а 86-годишната Борка се сеќава на сите нас, по име и по презиме. Уште поголемо изненадување за мене беа црно – белите фотографии коишто ги чува за спомен, стари повеќе од 40 години. Ми раскажа дека веќе 25 години е во пензија, а времето го поминува покрај со читање и со своите деца и внуци. Борка е доказ дека првите учетелки ги памтиме доживотно. Покрај преубавите спомени, ме испрати и со малку грозје од нејзиниот двор. И посакувам долг век и пак да се видиме за некоја година да поразговараме“, рече Пендаровски.

Scroll to Top