(Фото) Пере првпат ја однесе ќерката на море

Пејачот на Нокаут, Никола Перевски – Пере, е на море со сопругата Јована и ќерката Софија. Деновиве постојано објавува слики од одморот. Вели дека Софија ужива да си игра на плажа, ама и дека по неколку дена таа влегла во вода.

„Првпат се осоли и Софија“, напиша Пере.

Иако често ја носат во Охрид, ова е прво летување на Софија на море. Таа е најмалата ќерка на Пере, која се роди во декември 2020 година, во бракот со Јована. Од првиот брак, Пере ги има ќерките Миа и Каја.

Scroll to Top