(Фото) По 19 години самотија: Еминем конечно има девојка?

Познатиот рапер Еминем (53) е во врска со својата фризерка Катрина Малота, објавува E! Online. Интересно е што двајцата се по потекло од Мичиген, а Катрина е во неговиот тим долго време, додека со познати личности соработува околу 15 години.

Покрај Еминем, таа соработувала и со Снуп Дог, но и со 50 Cent. Познатиот рапер сè уште воодушевува со својот изглед во шестата деценија, а неодамна беше објавено дека ќе добие второ внуче, верувале или не.

Оваа вест дојде како бомба бидејќи би значело дека раперот е во јавна врска за прв пат по разводот од Кимберли Скот, со која беше уште од средно училиште.

Кимберли и Еминем останаа синоним за бурен љубовен живот, па дури и се венчаа двапати. Првиот пат во 1999 година, а потоа во 2006 година, но не траеше долго.

За време на врска полна со страст, расправии и помирување, тие добија ќерка, а Еминем никогаш не ја покажа својата нова партнерка јавно по разводот.

Останува да се види дали сето тоа се само озборувања или раперот конечно ја пронашол среќата во љубовта.

фото: принтскрин

Scroll to Top