Поранешниот македонски ракометен репрезентативец, Ренато Вугринец, по седумгодишна врска ја побара за жена екс-манекенката Сања Обрадовиќ.
46-годишниот Вугринец, во присуство на заеднички пријатели, во српскиот ски-центар Копаоник и понуди брак на 44-годишната Сања, а фотките ги споделија го на социјалните мрежи.
Сања Обрадовиќ е поранешна сопруга на македонската кошаркарска легенда Петар Наумовски, со кого имаат и три деца. А со Ренато, како што изјавуваше претходно, се запознала во Скопје додека тој настапуваше за РК Металург.
Вугринец по крајот на кариерата продолжи да живее во Скопје, а зад себе има еден брак и три деца.
Фото: Фејсбук