(Фото)„Подобро седми на Еуровизија, него први у хејт“, е транспарентот за Тамара

„Подобро седми на Евровизија, него први во хејт“. Држи вода муабетот. Откачен транспарент на инстаграм-профилот на поп-пејачката Тамара Тодевска, која со години е на музичката сцена и на  Макeдонија ѝ го донесе најголемиот успех на Евросонг.

„Прва од жири беше. Каква седма – каков бакрач“, стои во еден од коментарите за фотографијата на поп-пејачката.

Дечкото кој што е сликан со Тамара и кој го направи транспаретот, на Инстаграм е познат како Бомбакис. Тој постојано прави транспаренти, како поддршка, но не само на познати личности, туку воопшто и за случувањата кај нас. Овој пат поддршката отиде кај поп-пејачката.

Тамара имаше бурна година зад себе, но како и да е, по сите убави и неубави работи, пејачката повторно им се враќа на музиката и настапите. Најави дует со „Два бона“, а почна со настапите во клубовите по паузата поради пандемијата.

 

Scroll to Top