Фолк-пејачката Сани Гроздановска вчера прослави Младенци. Таа и Мартин се венчаа во септември минатата година по неколкугодишна врска. А вчера ја испочитуваа традицијата и во друштво на најблиските роднини и пријатели прославуваа во ресторанот „Виолина“ каде што Сани има редовни настапи. Таа, за мерак на гостите, и на прославата испеа неколку песни.
Облечена во златно-бел фустан, Сани потсетуваше на невеста, а ја покажа и одличната фигура. Таа се породи пред помалку од пет месеци, кога ја роди ќерката Ева.