(Фото) Сара Мејс е секси трудница

Поп-пејачката Сара Мејс го покажа трудничкиот стомак и доби комплименти дека е секси трудница. Таа на својот инстаграм-профил објави неколку селфи фотографии сликани во огледало и откри дека е во седмиот месец од бременоста.

„Наскоро мајка. Седум месеци бремена. Расте многу брзо. Свадба“, напиша Сара покрај фотографиите, користејќи хаштагови за да ја опише сликата направена пред да оди на свадбата на својата пријателка, пејачката Симона Поповска.

Сара пред неколку месеци откри дека e бремена и дека со сопругот, водителот Димитар Атанасовски, го очекуваат раѓањето на нивното прво дете. Сара и Димитар стапија во брак лани летото, а нивната свадбена веселба беше една од најинтересните за кои се зборуваше во јавноста.

Scroll to Top