Поранешната македонска ракометарка Наташа Коцевска се омажи во Германија со нејзиното момче Герит. Таа објави фотографии од свадбата. За специјалниот ден таа носеше фустан во нежно розева боја и чипкаст горен дел.
Наташа веќе некое време работи и живее во Германија, а за репрезентацијата на Македонија има одиграно 68 натпревари. Таа играше и за поранешниот европски шампион, клубот Кометал Ѓорче Петров.
4