(Фото) Се вери манекенката Емилија Розман

Манекенката Емилија Розман ќе се мажи. Таа се вери со своето момче Стефан Ангелкоски, кој ја побара за жена на Козјак. Сликата со свршеничкиот прстен, Емилија ја објави на „Фејсбук“.

„До месечината и назад, да“, напиша Емилија и доби честитки од пријателите.

Емилија, која својот приватен живот го чува за себе, неодамна објави слика со Стефан додека биле на викенд во Охрид. Таа во јавноста е позната како последната мис на Македонија која се натпреваруваше и на изборот за Мис на светот. Емилија титулата ја освои 2015 година. Таа учествуваше и на неколку европски избори за убавина, а оттогаш се појави и во неколку спота на македонски музичари.

Фото: Фејсбук

Scroll to Top