(ФОТО) Сефер љубовџија

Директорот на ФОН, Сефер Цановски, наскоро ќе се жени со Германката Сезан. Тој веќе е свршен со неа, а тоа го потврди неодамна и за “Репортер“.

Сефер, се пофали колку е вљубен во неа, па сподели нивна заедничка фотографија, на која се бакнуваат во ноќта. Некои го задеваат за фотографијата, оти бил многу вљубен во Сезан.

Сефер пред една година се разведе со од сопругата Лејла, ќерката на Велија Рамковски со која беше во брак речиси 10 години и имаат две деца.

„Пред една година се разделивме со Лејла со заеднички договор. Среќен сум што останавме во одлични односи со фамилија Рамковски. Имаме две прекрасни деца заедно и тие ни се во фокусот на вниманието“, рече Сефер Цановски, неодамна за „Репортер“.

Новата свршеница Сезен Баш, е Германка со турско потекло, и годинава планираат свадба.

„ Сезен е Германка, банкарка, има своја хуманитарна фондација. Веќе неколку месеци живееме заедно, а венчавката ќе биде оваа година“, рече Цановски.

Сефер е син на политичарот и бизнисмен Фијат Цановски и беше во брак со Лејла, ќерката на газдата на некогашната А1 телевизија.

Scroll to Top