Четири нови песни се најдоа на новиот албум на групата „Фолтин“. Продуцент е Талески, а на албумот работеше и Ѓорче Ставрески, режисерот на „Исцелител“.
Групата истовремено ја промовира и најновата песна „Кој може да расипе еден ваков ден“ за која промовираше и спот, кој е прилично интересен, со малку еротика и секси сцени. Во спотот главна улога има двојката Рио Раш и Миша Вермани. Песната ќе биде дел од новиот албум заедно со „Симултан бакнеж“, „Недопрена“ и „Сенки“.
Режисер на спотот е Милена Витман, а спотот се снимаше во Берлин. „Фолтин“ е еден од најактивните бендови во Македонија и „Симултан бакнеж“ е негово 13. студиско издание.