По потпишувањето на договорот за името меѓу Македонија и Грција, премиерот Зоран Заев ја извади својата вратоврска и му ја подари на Алексис Ципрас. Македонскиот премиер имаше проблем со одврзувањето на вратоврската, па помош доби од неговиот грчки колега,кој во Грција го носи епитетот “секси Алекси”.
Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, ја зема вратоврската од Ципрас и на грчкиот премиер му ја стави во џебот од сакото. Денеска по обраќањето на двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, во Псарадес се потпиша договорот за промена на името на Македонија.
Со ова според двајцата лидери се стави крај на тридеценискиот спор меѓу двете држави. Со договорот е предвидено ерга омнес име за земјава, Република Северна Македонија. По потпишувањето, официјалната средба на двете делегации продолжи на македонска страна на Преспа, во Отешево, каде што ќе има свечен ручек.