(Фото) Сексот на јахта го инспирира Џамбазов да најде чаре за името на Македонија

Актерот и шоумен Игор Џамбазов смисли ново име за државата Македонија. Тој предложи место Северна да се вика Северина, а поддршка доби и од фановите.

„Уште јахта ни фали. Кај ти текна легенда си. Верзија која го претставува вистинскиот идентитет на дел од народот. Ем популарно ем асоцира на секс на јахта“, му напишаа некои од фановите.

Игор често на духовит начин ги коментира политичките случувања во земјава. Тој претходно реши да ги расчисти недоразбирањата и со Бугарија, па во свој стил му врати на провокациите на бугарскиот министер Каракачанов.

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, а Каракачанов е Македонец кој зборува бугарски јазик“, напиша Џамбазов кој не додржа да го  премолчи спорот со Бугарија, како и негирањето на македонскиот јазик и нација од страна на Бугарите.

Игор Џамбазов во свој стил го поздрави Каракачанов – Reporter.mk

Scroll to Top