(Фото) Сериозен и постар: Владо со поинаков имиџ

Поп-пејачот Владо Јаневски, кој за разлика од некогаш, кога не беше достапен за јавноста, сега има и тим што му го води неговиот фејсбук-профил. Тој објави интересна фотографија од него кога пред неколку години имал брада, а му ја испратиле во порака.

„Во инбокс ни стигнаа фотографии што датираат од пред неколку години. Ни ги испрати поранешен вработен во ‘Хепи радио’. Се утврди дека во годините кога бил партнер и директор во ‘Хепи радио’, вработените секојдневно го гледале во вакво божем посериозно и бизнисменско издание“, пишува во објавта.

Владо во јуни го објави спотот за „Час те волим, час те мрзим“, а имаше и регионална ТВ-премиера на познатиот музички канал CMC – Croatian Music Channel. Ова е втора песна од албумот на Владо за кој сè уште се снимаат песни.

Scroll to Top