(Фото) Шампањ фустан и мала венчавка: Се омажи пејачката Наталија Славева

Поп-пејачката Наталија Славева се омажи со нејзиниот дечко Александар Тодоров со кого подолго време беше во врска. Едноставна венчавка со малку гости заради пандемијата и неколку фотографии од венчавката. Нeвестата носеше фустан во боја на шампањ, а младоженоцот, пак, син костум. Тој ја побара за жена додека беа на романтично патување во Холандија..

Наталија и Александар се знаат од деца, а во врска беа три години. Таа тогаш ни раскажа дека во Холандија биле со друштво, нивни блиски пријатели коишто знаеле за планот на Александар. „По цел ден шетање јас сакав да се вратиме во хотел, а тие сакаа уште да шетаме за да стигнеме до мостот што Александар го избрал за да ме побара за жена. Кога дојдовме таму, наместо да се сликаме, тој клекна на колена“, раскажа Наталија за Репортер.

 

Scroll to Top